Јадел по 10 сендвичи со сланина дневно, а сега е личен тренер: Ослабел неверојатни 100 килограми!

47-годишниот Ралф Лоулес ослабнал неверојатни 107 килограми за две години. Тој бил тежок 187 килограми, јадел по осум сендвичи со сланина дневно, а потоа одлучил да направил промена.

Откако 15 години не бил во врска, тој ја променил својата рутина. Денес, Ралф тежи 78 килограми и е личен тренер.

“Кога почнував да јадам, не можев да застанам. Уживав во ќебапи, пица и сланина. Поголемиот дел од денот само јадев. Во само еден ден јадев колку што јаде една просечна личност во текот на целата недела”, раскажал тој за “Daily Mail”.

Ралф набрзо сфатил дека тоа влијае на неговиот живот.

“Тоа беше многу нездраво. Не можев да работам, го допрев дното. 15 години немав девојка, почнав да посетувам советник и одлучив да ја вратам контролата на својот живот”, вели Лоулес. Тој почнал да внимава на внесот на калории и нездравите намирници ги заменил со оние со многу протеини и малку јаглехидрати.

“Бев дебел и несреќен. Во првите неколку месеци ослабнав 63 килограми и имав желба да продолжам понатаму”, додал тој.

Денес работи како тренер во теретана, а токму вежбањето му помогнало ментално да зајакне и да ја постигне својата цел.

“Почнав да се занимавам со велосипедизам и запишав часови по аеробик. Морав да го тренирам мозокот за да сфатам што е здрава храна и здраво живеење во целост. Денес во теретана доаѓам 10 до 14 пати неделно бидејќи работам како тренер. Го сакам тоа и имам нова смисла на животот, а сега уште морам да пронајдам љубов”, заклучува Лоулес.

Leave a comment

error: Content is protected !!