Ја вперила камерата во небо- Во следниот момент гром удрил во телефонот (видео)

Шансите да ве погоди гром се 1:700 000. Шансите тоа да се случи додека снимате олуја со телефон  се уште помали.

Но, токму тоа и се случило на Трејси Кутлуол од Шкотска, која пред неколку дена решила да ја снима олујата. Додека стоела на прозорот со својот Ајфон, во нејзиниот телефон удрил гром.

Силата на громот и го исфрлила телефонот од рака, кој и по ударот не престанал да снима. Резултат е снимата која покажува колку била исплашена.

„Пробував да снимам како одеднаш се стемни и очекував да фатам некоја молња во далечината, но не мислев дека ќе удри во мене. Громот удри во продолжетоко тза држење на маската на мојот мобилен и да бидам искрена мислам дека ми го спаси животот, бидејќи инаку ќе ми експлодираше мобилниот. Не сум повредена, децата и пријателот кој беше кај мене се добро“

Ова е сведоштво на Треси, која по ударот чувствувала болки и прободување во левата рака.

„Немате поим колку е громот силен, се уште чувствувам болка од малиот прст до лактот. Кога удри, изгледаше како силно сино светло. Животот ми прелета пред очи, го фрлив мобилниот и почнав да паничам. Сите побегнавме во собата на приземје, за која сметавме дека е најсигурна. Синот се грижеше да не побегне мачката, а ќерката се плашеше да не се запали куќата. Во собата останавме до 23:30. Уверена сум дека животот ми го спаси гумената маска, која ја нарачав и ја добив неколку дена порано“

Leave a comment

error: Content is protected !!