Ја унаказил до степен што не им дозволиле на родителите да ја видат: Војник на елитната гарда на Путин ја претепал својата девојка, па ја фрлил од 6-ти кат

Припадник на „ОМОН“, полициска единица – елитна руска Национална гарда, е обвинет дека во напад на љубомора, брутално ја претепал својата девојка до смрт, а потоа ја фрлил од балкон од 6-ти кат.

28-годишниот Марат Сахапов од Казан, бил во пијан кога брутално ја претепал 21-годишната Елњара Караханова, а потоа ја фрлил од околу 20 метри висина. Несреќната девојка чие што лице било толку осакатено што никој не можел да ја препознае, паднала на покривот од влезот во зградата.

Марат толку брутално ја претепал Елњара, така што на нејзините родители не им било дозволено да ја видат својата ќерка, пренесуваат руските медиуми.

Според извештајот на обвинителот кој што го објавија руските медиуми, Марат се сомневал дека Елњара го изневерува, а додека ѕверски ја тепал ѝ се заканувал дека ќе ја силува нејзината мајка и ќе го убие нејзиниот татко.

Убиецот Сахапов тоа го негирал, а во судницата дошол со маска на лицето, нешто што посебно ги изреволтирало родителите на убиената.

„Не се обидов да побегнам, истрчав веднаш долу по неа. Дојдов до неа, ја допирав, но не се сеќавам дали ја свртев. Знам дека моите зборови не им значат ништо на нејзините родители, но искрено барам од нив да ми простат. Знам дека нема да ми простат, апсолутно сум сигурен во тоа, но сакам да кажам пред сите дека јас не ја убив. Не размислував за тоа“, изјави Сахапов, додавајќи дека на неговата девојка ѝ биле украдени парите.

Leave a comment

error: Content is protected !!