Ја претепал и задавил својата сопруга, а потоа нејзиното тело го фрлил од тераса – се било снимено на камера!

Надзорните камери ги снимиле последните моменти од животот на една жена која што брутално беше убиена од својот сопруг во Бразил.

Како што пренесуваат бразилските медиуми, на снимката може да се види Татјана Спицнер како бега од Луис Манвалиеро кој што ја брка низ подземната гаража. Таа бега во лифтот, но Луис успева да влезе пред да се затворат вратите, по што ја претепал и убил, а потоа нејзиното тело го одвлекол до станот од каде што го фрлил од четврти кат.

32-годишниот Манвалиеро кој што инаку бил наставник по биологија, бил фатен како ги чисти и крвавите траги откако брутално ја претепал својата сопруга. Тој сега тврдел дека неговата сопруга сама скокнала од балконот после кавгата, но според форензичките податоци, таа починала поради давење.

Форензичките експерти откриле дека Спицнер била брутално задавена додека очајнички се обидувала да се одбрани. На нејзиното грло имало траги од рацете на Манвалиеро, а на предниот дел од вратот имала и една фрактура.

 

https://platform.twitter.com/widgets.js

Leave a comment

error: Content is protected !!