Ја намамиле во хотел поради интервју, а потоа со часови ја силувале

Сестрата на славната Натали Вуд откри досега непознати детали за животот на трагично починатата актерка.

Поминаа повеќе од 30 години од мистериозната смрт на американската актерка Натали Вуд, а нејзината сестра Лана реши да ја прекине тишината со приказна за силување која наводно се случила, кога Натали има 16 години.

Во вториот дел од емисијата „ Fatal Voyage: The mysterious death od Natalie Wood“, 72-годишната Лана изјавила дека со години кружеле трачеви за овој настан, но дури сега собрала храброст да ја открие вистината. Лана во ексклузивното интервју открила информации за животот на Натали, а особено се задржала на приказната за силувањето во познатиот калифорниски хотел, за кое рекла дека е само еден од низата мрачни настани кои и претходеле на смртта во 1981 година.

Натали  мистериозно се удавила на 29-ти ноември 1981 година, на 44 годишна возраст, после пијанка на која присуствувале нејзиниот сопруг Роберт Вагнер и Кристофер Вокен на јахта усидрена до островот Санта Каталина.

Лана, која имала 8 години кога Натали била силувана, раскажала што точно се случило тој ден.

„Натали ја доведовме до хотелот Шате Мармонт и мојата мајка и јас со часови седевме во автомобилот. Толку долго, што во еден момент дури и заспав. Тоа беше интервјуто кога Натали ја силуваа. Заспав на задните седишта и само се сеќавам дека тоа не беше среќно возење дома. Во позадина слушнав дека Натали и мајка ми зборуваат тивко„

Многу години подоцна Натали само нагласувала дека во минатото и се случило нешто многу вознемирувачки во нејзиниот живот и на некој начин ја обвинила својата мајка, поради тоа што премногу ја туркала во Холивуд.

Јавноста долго шпекулирала за силувачите, а се смета дека ја намамил актер или режисер, т.е некој кој би можел на амбициозната актерка да и понуди голема улога.

Синтија Лусија која го проучувала животот на актерката, изјавила дека силувањето на Натали Вуд било прилично брутално. Како резултат на тоа, експертите велат дека НАтали веројатно не сакала да го пријави силувањето поради страв дека ќе ја изгуби долгодошната кариера.

Leave a comment

error: Content is protected !!