Ја мачел својата сестра 2 години, била гладна и спиела во сопствениот измет!

Полицијата во Њу Делхи ја спасила од сигурна смрт жената која родениот брат две години ја мачел до степен што ја претворил во костур, кој не можел ни да зборува, ни да оди.

Полицајците и активисти на групата за заштита на правата на жените, Комисија за жени во Делхи – DCW, во драматична акција ја спасиле Индијката која била на работ на смртта.

Несреќната жена, чие име не е соопштено, толку била изгладнета што не можела да оди ни да распознава луѓе.

“Има 50 години, а изгледа како да има 90”, потресено вели Свати Маливал, шефица на DCW.

“Кога ја спасивме, лежеше во сопствениот измет. Толку беше изгладнета што не можеше да ги контролира основните потреби”, додава таа.

Исто така, раскажала дека со група соработници се обидела да влезе во куќата, но братот на несреќната жена и неговата сопруга не им дозволиле. Кога станале агресивни, госпоѓа Маливал се јавила во полиција. Сепак, братот и неговата сопруга не ги пуштиле да влезат.

“Тогаш полицајците влегоа во куќата на соседите и од таму се префрлија на терасата, каде ја најдоа жената во ужасна состојба”, објаснил заменик комесарот на полицијата.

Братот и неговата сопруга биле уапсени и ќе бидат кривично гонети.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!