Дени Гонзалес, кој работи во САД, повеќе не сакал да им праќа пари на своите родители во Хондурас, па преземал драстични мерки.
Овој 27-годишник ја лажирал сопствената смрт! Семејството добило фотографии од “мртвиот” Гонзалес. Како причина за смртта биле наведени рак и астма.
Меѓутоа, неговиот план набрзо пропаднал. Кога локалните медиуми ја објавиле веста заз неговата смрт, пријателите и семејството станале сомничави. Исто така, на фотографиите на кои требало да изгледа како да е мртов, било очигледно дека се смее. Се гледало дека не е во мртовечница, туку во својот кревет.
Измамата била откриена, а Гонзалес гостувал и на американски ТВ канал.
“Сопругата ми се јавува секоја недела, само да ми каже да и пратам повеќе пари и нови мобилни телефони. Доби веќе шест телефони и цело време бара нови, бидејќи старите наводно и ги крадат”, рекол Гонзалес.
Гонзалес не очекувал дека со својот перформанс ќе ги шокира родителите.
Соседите велат дека родителите биле скршени кога дознале за наводната смрт на синот, а потоа биле разочарани од неговото однесување.
Многумина го осудиле за ваквиот однос.
“Требало да си искрен кон нив и да им кажеш дека повеќе не сакаш да им помагаш, а не да лажеш. Бог нека се смилува на твојата душа”, рекол еден интернет корисник.