Излегол по мачката, па се нашол заробен во пожар: Снимал додека пожарот го голтал селото со огромна брзина

Автор на видеото е човек кој што бил сопственик на куќа во Мати, место во близина на грчката престолнина Атина кое што најмногу настрада од неодамнешните пожари. Како што откриваат грчките медиуми, човекот во паника ја отворил вратата од куќата за да се засолни мачката, но ветерот набрзо ја затворил вратата, па тој не можел да влезе во куќата.

После еден невиден сплет на околности тој остана пред својата куќа во паника, додека огнот голтал се пред себе со голема брзина. Пожарот толку многу се приближи до него и неговата куќа, што многумина се чудат како тој воопшто успеал да преживее. Наводно го спасило тоа што останал легнат до ѕидовите од куќата, а исто така се спасила и неговата мачка.

Грција на почетокот од оваа седмица беше погодена од најголемите пожари во последните 10 години – според последните податоци, во пожарите загинаа најмалку 83 лица, а 187 се хоспитализирани, меѓу кои има и 12 деца.

 

Грчките власти се сомневаат дека пожарите биле подметнати и истражува како е можно пожарот истовремено да се рашири од три различни локации. Материјалната штета е огромна, а целосните размери на штетата ќе бидат познати за неколку месеци. Се проценува дека во пожарот се уништени околу 500 стамбени објекти.

После катастрофата, владата на Алексис Ципрас објави низа на мерки за ублажување на катастрофата, вклучувајќи еднократна исплата од 10 илјади евра и работно место во јавниот сектор за блиските роднини на жртвите. Грчкиот весник „Та Неа“ таквите мерки ги опиша како „Капка во море“.

Leave a comment

error: Content is protected !!