Една од почестите несреќи што може да му се случат на секого, е да изгуби накит додека е во вода.
Токму тоа им се случило и на Дејан и Моника пред околу 5 години на плажата Акапулко во Охрид. Во таа 2013-та, Дејан и Моника останале без една од своите бурми.
Сепак, на бурмата биле изгравирани нивните имиња и датумот на венчавката, а истиот бил пронајден од малата Георгина, која била пресреќна што прстенот да им биде вратен на вистинските сопственици.
Пет години подоцна, благодарение на Биби Ставреска , инаку мајката на Георгина, останатите добронамерници на социјалните мрежи ги здружија силите и ја споделуваа објавата на Биби за изгубениот прстен, сé додека среќната вест не стигна до својата дестинација – Дејан и Моника, се разбира.
Еве како се одвивала целата комуникација: