Изгорел националниот музеј во Рио: Од 200 години историја, останале само темели

Огромен пожар вчера го проголтал 200 години стариот Национален музеј во Рио Де Жанеиро, ценета установа која чувала експонати од египетската, старогрчката и римската уметност, како и некои од првите фосили пронајдени во Бразил.

Портпаролот на пожарната служба на Рио, Роберте Робадеј, изјавил дека пожарот избил вчера во 19:30 часот, додека музејот бил затворен.

Тој навел дека интервенцијата на пожарникарите започнала побавно бидејќи два хидранти кои биле блиску до музејот не работеле, па камионите биле праќани до најблиското езеро да земаат вода.

Робадел додал дека и покрај тоа пожарникарите успеале да спасат некои од експонатите на музејот.

“Успеавме, со помош на вработените во музејот, да изнесеме доста работи”, рекол Робадеј.

Снимките од воздух ја покажуваат импозантната зграда, со површина од 13.000 квадратни метри, како со часови ја голта пламен.

“Двестотини години работа, истражување и знаење, се е изгубено”, рекол бразилскиот претседател Мишел Темер.

Leave a comment

error: Content is protected !!