Избраничката на принцот Хари ги покажа гаќичките во проѕирен фустан

Првата кралска турнеја за војводата и војвотката од Сасекс заврши. Нивната последна станица бил новозеландскиот град Ротоура, за кој Меган Маркл го сочувала својот најхрабар изглед.

Убавата трудница, турнејата ја завршила така што од глава до пети била облечена во кралска сина нијанса, но со својот аутфит сепак го прекршила кралскиот дрес код.

И овојпат се потпрела на својата омилена дизајнерка од куќата „Givenchy“. Одбрала џемпер и плишано здолниште направено од проѕирна ткаенина, под кое јасно се гледале нејзините гаќички.

Иако покажувањето на долната облека под проѕирните парчиња облека, во последните години стана сосема прифатливо, се сомневаме дека овој збор би го одобрила Кралицата.

Но, можеби Меган не била свесна дека нејзиното здолниште е толку проѕирно.

Во секој случај, Меган од Австралија и Нов Зеланд си заминала со стил!

 

Leave a comment

error: Content is protected !!