Италијански град продава куќа за едно евро: Се наоѓа на прекрасен остров, но постои една работа…

Заменик градоначалникот на Самбука истакнува дека тука не станува збор за пропаганда, туку за потреба од нови инвестиции.

Доколку копнеете за доза сонце кое е ви помогне полесно да ја пребродите зимата, можете да станете сопственик на цела куќа во градот на Сицилија во Италија, која чини помалку од едно кафе.

Поради се поголемата имиграција на населението во урбана средина, властите на градот Самбука ди Сичилија со оваа необична одлука сакаат да го спасат градот од изумирање.

Цената на куќа на овој остров чини едно евро, пренесува CNN.

Имено, на продажба се нудат 12 станови во лоша состојба. Повеќето недвижнини се движат од 40 па се до 150 квадратни метри.

Заменик градоначалникот на Самбука истакнува дека овде не станува збор за пропаганда туку за потреба за нови инвестиции. “Сериозни сме во својата намера. Ние не сме посредник меѓу старите и идните сопственици, туку градот е сопственик на сите станува кои ги нуди на продажба”, објаснил тој.

Како што пренесува “CNN”, властите досега веќе продале 10 станови, а заинтересираните купци најмногу доаѓаат од Швајцарија, Франција, Шпанија, но и други делови од светот.

Секако, постои една работа. Имено, новиот сопственик при купувањето мора да се обврзе во рок од три години да го обнови станот и да вложи најмалку 15.000 евра. Плус, пред купувањето мора да приложи депозит од 5.000 евра, кој ќе биде вратен по обновата.

“Ветуваме дека купците нема да бидат разочарани” додал заменик градоначалникот.

Самбука де Сичилија се наоѓа на западната страна на Сицилија во провинцијата Агригенто. Сместен е во природен резерват, според пописот на населението од 2006-та година во тој град живееле 5.878 луѓе.

Leave a comment

error: Content is protected !!