Истражување: Вози Мерцедес или БМВ? Веројатно е неверен

Британскиот сајт “IllicitEncounters.com” спровел истражување во кое ги довел во врска неверството и марката на автомобили кои мажите ја поседуваат.

Во истражувањето учествувале 900.000 мажи, а било утврдено дека најневерни се оние кои возат германски автомобили.

Оделе и понатаму во истражувањето, па констатирале дека сопствениците на Мерцедес се број еден во неверства, поневерни дури и од возачите на Ауди и БМВ, кои ги заземале 2-ро и 3-то место.

Во топ 5 најневерни мажи влегле и возачите на Тојота и Фолксваген.

Во истражувањето се дошло и до заклучокот кои мажи се најверни.

Најверни се оние кои возат автомобили од марка Нисан, а на второ место се возачите на КИА.

Возачите на Јагуар исто така се вброени меѓу верните мажи.

Leave a comment

error: Content is protected !!