Историски момент за Македонија и Грција: Се случи нешто што никој не го очекуваше

Односите со Грција веќе со години ни се заладени, а во последнава година сведоци бевме и на протести против нашето име, организирани во Солун и Атина.

Нашите туристи секое лето се жалат дека на Халкидики морале да ги извадат регистрациите, дека им биле оштетувани автомобилите или пак дека биле понижувани од цариниците.

Никола Димитров секоја втора недела е во Грција, а Коѕијас во Македонија. Тие преговараат за промена на името, но можеби преговарале и за нешто друго.

За време на Евровизија се случи историски момент. Иако Грција никогаш, ама баш никогаш не ни дава поени, оваа година доживеавме и такво нешто- Ај Кју добија три поени од грчкото жири, но ниту тоа не им помогна да завршат на 42 место од вкупно 43 држави.

Но, ниту ние не останавме должни- Грција од нас доби четири поени од телевоутинг.

Ова е знак дека добрососеднските односи со Грција ни се навистина подобрени, иако коментаторката Каролина од МТВ, во текот на вечерта осум пати ги нарече- нашиот јужен сосед.

Leave a comment

error: Content is protected !!