Источна Европа ќе биде празна, луѓето посебно бегаат од оваа држава

Населението на Западна Европа значително расте благодарение на миграцијата, додека источна Европа има проблеми со демографијата поради заминувањето на граѓаните, укажуваат научниците од Австриската академија на науки (OeAW) и виенскиот центар Витгенштајн.

Австриските научници го анализирале развојот на населението во Европа меѓу 1990. и 2017. година, земајќи ги во предвид демографскиот развој и миграцијата.

Дошле до заклучок дека во Европа само неколку стотини километри ги раздвојува подрачјата со силен раст на населението и “алармантен демографски пад”.

На двете спротивставени страни се наоѓа Ирска со раст од 36 проценти, пред се благодарение на природниот демографски развој, и Босна и Херцеговина со најголемо намалување на населението од 22 проценти, предизвикано од емиграцијата.

Останатите земји со најголем раст на населението се Швајцарија, со раст од 26 проценти, пред се поради доселувањата, Норвешка со 24 проценти, Шпанија со 20 проценти, Франција со 18 проценти и Шведска со 17 проценти.

Кога станува збор за Германија, научниците дошле до неочекуван податок, односно дека на една страна тоа е единствената западноевропска држава со јасен природен пад во бројот на населението, со миграциски раст од девет проценти, што е помалку од другите земји.

На другата страна Бугарија, Летонија, Литванија, Молдавија и БиХ од 1990. година бележат намалување на населението за повеќе од 20 проценти.

Намалувањето на населението во источна Европа, речиси во сите земји, е предизвикано од миграција.

“Миграционите движења во меѓувреме станале главен фактор кој стои зад растот или намалувањето на населението во Европа”, вели демографот на OeAW, Томас Соботка.

Leave a comment

error: Content is protected !!