Исповед на руска манекенка која гола скокнала од 6. кат во Дубаи: Ми стави нож под грло и сакаше да ме силува, се плашев дека ќе ме убие

22-годишната Јекатерина Стецјук, убава руска манекенка која била во затвор три месеци во Дубаи “поради обид за убиство”, откако наводно ранила Пакистанец кој се обидел да ја силува и потоа гола скокнала низ прозор, се вратила во татковината и во емисија на првиот државен канал детално опишала низ што се минала.

Катја во емисијата “Директна Линија” раскажала дека ревијата во Обединетите Арапски Емирати и ја договорила една модна агенција.

Со Пакистанецот, познат локален продуцент, се состанала во хотелска соба за да ги договори деталите од работата, но разговорот набрзо тргна во друга насока. Почнал да ја допира и да ја гали по нозете.

“Почна сексуално да ме вознемирува, да ми ги допира колената. Му ја тргнав раката, а тој полуде од бес”, вели Катја и додава дека сфатила дека мора да побегне од таму.

“Побегнав во ходникот, но ме фати за коса и ме врати во собата. Зема нож и ме притисна до ѕидот. Ме фати за врат и почна да ме дави”, детално го опишала настанот. Потоа под закана со нож ја натерал да се соблече.

“Страшно се плашев и тоа не толку дека ќе ме силува, туку дека ќе ме убие”, објаснила Катја. Успеала да побегне и во паника скокнала од прозор. Преживеала само благодарение на тоа што паднала на тенда.

Итната помош брзо реагирала и ја однела во болница. Таму утврдиле дека има повреди на ‘рбетот. Два пати ја оперирале и и вградиле титаниумска плочка во ‘рбетот за да може повторно да оди. Уште закрепнувала од тешките операции, кога на вратата од нејзината болничка соба се појавила полицијата. Имено, Пакистанецот пријавил дека таа се обидела да го убие него.

“Полицијата едноставно ме извлече од кревет. Тогаш можев да ги движам само прстите и вратот. Ме ставија во количка, ми го земаа телефонот и ме одведоа во затвор”, вели Катја и додава дека обвинението дека се обидела да го убие продуцентот е чиста лага.

Убавата манекенка признава дека целиот ангажман во Доха бил глупост, лудост и дека самата е одговорна што отишла на таа авантура.

“Девојките треба да бидат внимателни за да го избегнат тоа што ми се случи на мене. Дури и бев среќна, можев да завршам многу полошо”, вели таа.

Leave a comment

error: Content is protected !!