Исповед на работничка на луксузна јахта: Богаташите ги праќаат жените на шопинг, па носат проститутки, а ние…

Персоналот на луксузните јахти со светот споделил дека богатите бизнисмени ги праќаат своите жени на шопинг за да уживаат во секс со проститутки на море.

Мегабогаташите изнајмуваат луксузни јахти – кои чинат неверојатни 115.000 неделно – само за да ги изневеруваат своите сопруги со љубовниците и проститутки. Тие дури и плаќаат илјадници фунти на персоналот за да молчи за тоа и брзо да ја промени постелнината на нивните кревети.

“Нашиот персонал на брегот е во контакт со радио врска, за да се обезбеди проститутките да исчезнат пред сопругите да се вратат”, изјавила Брук Лафтон, вработена на мегајахта.

“За 20 минути јас морам да ја променам цела постелнина и да се ослободам од сите знаци кои издаваат дека уште некој бил во кабината, како кондоми. Тоа е ужасно, многу лошо”, додала таа.

27-годишната Брука укажала дека постои морална цена.

“Мора да го затворите едното око. Се прашувате кои се вашите вредности ако сте соучесник во тоа”, истакнала таа.

Марк Кронин, творец на американското реално шоу “Below Deck”, кое го следи персоналот на луксузните јахти на Карибите, вели дека стандардно бродот да има две конфигурации.

“Една е за сопругата, а другата за љубовницата…Вообичаено е персоналот да ги уредува кабините меѓу посетите, отстранува фотографии и менува постелнини, бидејќи просторот кој го сака сопругата е поразличен од тој што го сака љубовницата”, навел тој.

Кронин истакнал дека некои луѓе сметаат дека со плаќање на таквите аранжмани добиле “дозвола да бидат кретени”.

“Целата таа ситуација на персоналот не му дозволува да каже “не”, бидејќи тие плаќаат брдо пари…За да почувствуваат дека ја добиваат вредноста за своите пари мора да бараат”, објаснил Кронин.

Еден семеен човек неодамна платил 2.000 фунти на член на персонал за молчење, откако довел три проститутки на јахта во Мајами.

“Дојде човек со жена и две мали деца, изнајмија јахта долга 20 метри…Следната недела истиот тој човек дојде со три проститутки. Само ме погледна. Јас го погледнав него, во смисла колку чини тишината. Ми даде 2.000 фунти”, навела Урсула Ебингер.

Некои членови на персоналот на јахтите признале дека некои патници им побарале да им најдат дрога за забави. Една членка дури и барала со хеликоптер да им се достави пица од “Dominos”.

Од првото прикажување во 2013. година, серијата “Below Deck” прикажала пет сезони на каналот “Bravo”.

Leave a comment

error: Content is protected !!