Ирина Шајк во провокативно издание: Тоалетата која открила премногу измамила воздишки

Ирина Шајк не е без причина една од најубавите жени на светот, но сепак секогаш успева да не изненади со бескпрекорниот изглед. Не било поразлично ни вчера, кога се прошетала на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан во секс црвена тоалета, која не оставила многу на имагинацијата.

Станува збор за тоалета потпишана од модната куќа “Версаче”, која е составена од неколку парчиња ткаенина поврзани со ланци и под која манекенката очигледно не носела долна облека, што откриваат и процепите на долниот дел од тоалетата. Освен што со огнениот изглед привлекувала погледи, Ирина го потврдила и враќањето на еден тренд од 90-тите, а станува збор за шнолите, кои сега повторно се во мода.

Ирина носела незабележливи златни шноли над двете уши, додека обетките со црвени кристали и прстените дополнително обезбедиле доза на гламур. На нозете имала елегантни сребрени сандали, кои ги ускладила со деталите на тоалетата и со сенката на очите.

Ден претходно на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан пристигнала во одлично, но помалку провокативно издание.

Leave a comment

error: Content is protected !!