Инвазија на бели мечки во Русија: Ѕверовите си се шетаат низ градот

Архипелагот Нова Земја во Архангелската област во Русија станал светска вест кога на него се случила инвазија од бели мечки. Сега се појавуваат првите снимки од мечки како шетаат низ ходниците на зграда во местото Белушја губа.

Во селата на архипелагот Нова Земја останува на сила вонредната состојба поради инвазијаа на белите мечки.

Животните почнале почесто да се појавуваат во населените места поради топењето на мразот и лошиот однос на локалните служби кон собирањето на отпадот.

Предаторите чувствуваат каде ссе наоѓаат луѓето и копаат по ѓубрето во потрага по храна, соопштил координаторот на проектот за биодиверзитет на Арктикот при Светската фоднација за придора – Михаил Штисов.

Leave a comment

error: Content is protected !!