Интернет трик за перење бели патики

Последните неколку денови, сите на интернет пренесуваат некаков си трик за перење на бели патики. Наводно, така ќе станат супер бели, односно како нови.

Рецептот вели дека би требало да измешате една лажичка хидроген, една лажичка сода и една лажичка вода. Потоа со четка за заби да ги триете патиките, односно цели да ги премачкате со добиената паста. Така, би требало да ги оставите на силно сонце неколку часа. За тоа време ќе се исушат и тогаш би требало да ги тргнете остатоците од смесата која ја нанесовте и БУМ- добивте нови бели патики.

Единствено лошо е што тоа не е вистина.

Со поголемиот дел патики ова нема да успее, а мокри патики и сонце во комбинација ќе доведат само до едно- вашиот омилен пар обувки да постане жолт. Затоа не експериментирајте со се што ќе прочитате на интернет!

 

Leave a comment

error: Content is protected !!