Инфлуенсери изведувале акробации, а од зад нив детето им паднало на глава

Родители занесено се снимале за социјалните мрежи додека во позадина нивното дете скокнало од кревет на глава, а како што изгледа, тие за тоа не ни биле свесни.

Руската ѕвезда на социјалните мрежи, Света, ги запрепастила луѓето со своето невнимателно однесување на снимката која ја објавила на интернет.

Таа со својот сопруг се снимала за социјалните мрежи, а нивниот тригодишен син Габриел по сè изгледа ги имитирал родителите и скокнал од креветот.

“Грижливите“ родители не ни забележале што се случува, а детето паднало на глава.

„Кутрото дете, родителите се толку фокусирани на себе што го заменариле“, бил еден од коментарите.

„Супер, не е повредено, но што ако се повредело? Срам да ви е на двајцата“, им пишувале следачите.

Сепак, родителите не ја избришале снимката – веројатно мислат дека ништо не е толку погрешно колку што им делува на другите.

Leave a comment

error: Content is protected !!