Индиски бизнисмен злоставува 10-годишно девојче и нејзината мајка, а камерите го снимаат!

Бизнисменот од Индија бил уапсен откако бил снимен во кино како сексуално злоставува 10-годишно девојче, додека седел покрај нејзината мајка.

Злоставувањето било снимено од надзорните камери, а 60-годишниот Моиден Кати во исто време ги злоставувал и мајката и ќерката.

Инцидентот се случил на 18. април, но бизнисменот бил уапсен дури оваа сабота, откако на 26. април добротворното здружение “Childline” ја предало снимката во полиција.

Сепак, полицијата не го уапсила осомничениот се додека исечокот од видеото не бил пуштен на телевизија. Нивната несериозност предизвикала гнев кај јавноста. Како што пренесуваат индиските медиуми, тој ја признал вината.

Полицијата ја уапсила и мајката на малолетната жртва, а постои сомнение дека најмладата од три сестри и порано била злоставувана.

Заменик инспекторот КЈ Баби бил суспендиран бидејќи не реагирал на време, а полицијата размислува да преземе и правни чекори против мајката поради соучество во злоставувањето.

“Снимката ја предадовме во полицијата ден откако ја добивме, бидејќи сакавме да се увериме во нејзината автентичност, со оглед на тежината на случајот”, рекле од “Childline”.

“Повремено ќе престанел, ќе излезе, па ќе се врател и ќе продолжел со злоставувањето”, тврдат од ова здружение.

Leave a comment

error: Content is protected !!