Индиска атракција на Баскерфест- Циркус кој мора да го погледнете

До овогодинешниот Баскерфест има уште неполн месец, а скопјани веќе нетрпеливо го очекуваат овој уличен театар под отворено небо.

Баскерфест 2018 ќе понуди многу интересни точки, како за најмладата публика, така и за повозрасните. Една од оние баскер улични атракции кои нас ни фатија око е индискиот циркус B&F Brothers– комбинација од неколку акробации кои публиката ќе ја остават без здив.

Најмалите сигурно најмногу ќе се радуваат на циркусот од Индија, затоа што точките се интерактивни, па во нив може да учествува и публиката, а децата да научат по некоја акробација.

Инаку Баскерфест 2018, ќе се одржува од 12-17 јуни на скопскиот плоштад „Македонија“ во центарот на градот, а караванот кој носи насмевки ќе продолжи и во неколку други градови низ Македонија.

Во продолжение погледнете дел од возбудливите точки на индискиот циркус B&F Brothers:

 

Leave a comment

error: Content is protected !!