Имаше само 12 години, а 195 килограми:Погледнете како изгледа денеска!

Малото момче беше толку тешко, што во еден момент не можеше да стане од кревет и достигна тежина од неверојатни 195 килограми.

Детето по име Арјa Перман од Западна Јава стана светска сензација откако во јавноста се појавија негови фотографии кои го покажуваат мачното секојдневние на морбидно дебелото момче.

На само 12 години, практично немал живот, бидејќи не можел да се движи. Минатата година овој тинејџер морал да оди на операција за смалување на желудникот, за на тој начин да се доведе во ред.

„Му дававме храна постојатно, бидејќи често велеше дека е гладен. Јадеше од четири до шест пати дневно, а типичен оброк за небо беше две пакувања нудли, две јајца, половина килограм пилешко и ориз“– изјави неговиот татко.

Целото село им зборувало дека го убиваат сопственото дете, но родителите терале по свое. Дури откако тежината на Арја навистина станала прашање за живот или смрт, сфатиле дека ќе останат без синот доколу не преземат нешто.

И навистина им успеало- момчето симнало 82 килограми. Сега е под строга контрола на нутриционсти кои пазат да не се врати на старо. Диетата е класична, забрането му е благо и газирани пијалоци. Мора редовно да вежба и да јаде здрава и нискокалорична храна.

Голема промена му е и количината на храна која сега ја внесува. По смалувањето на желудникот, драстично се смалува и количината која пациентот ја јаде. Така сега, Арја е сит после само шест лажички или залчиња од оброкот. Малото момче се чуди дека сега без проблем може да излезе надвор и да си игра со своите врсници, досега деновите ги поминуваше затворен во куќата, а родителите не можеа да му најдат доволно голема облека за него.

Се уште престанува уште работа околу симнувањето на килограмите, но напредокот е голем од месец во месец. Ако вака продолжи, наскоро неговиот живот ќе се врати во нормала, а Арја е пресреќен поради тоа.

 

 

 

Leave a comment

error: Content is protected !!