Има толку безобразно презиме што и Фејсбук го блокирал: Политичарот во проблеми, не може да води кампања

Локален политичар од Белгија неодамна станал вест број еден, бидејќи Фејсбук ја забранил неговата кампања поради презимето.

Неговото име е Лук Анус, а социјалната мрежа смета дека неговото презиме е премногу навредливо.

Тој рекол дека Фејсбук едноставно не го прифаќа неговото име.

Анус е кандидат на Социјалистичката партија за советот во местото Лобес, во белгиската покраина Хаинаут. Кампањата за советот на местото кое населува околу 5.000 луѓе се обидел да ја води на социјалните мрежи.

Кога била објавена фотографија од неговиот изборен плакат на интернет, речиси во истиот момент станал вирален и предмет на многу шеги во Белгија.

Во морето од коментари, имало и такви кои го советувале Анус да го промени презимето во нешто подолично. Сепак, тој не го планира тоа, и како што тврди, не е ни разочаран ни бесен поради шегите на негова сметка.

“Можам да се носам со тоа”, вели тој.

Нашол и начин да се носи со тоа на Фејсбук. Од своето презиме скратил една буква, па сега на таа социјална мрежа се вика Лук Ану.

Leave a comment

error: Content is protected !!