Има само 2 години и пуши по 40 цигари дневно?! Изјавата на мајката го ужаснала светот

2-годишното дете од Индонезија, Рапи Анада Памунгкас, е зависно од никотин, а тоа што најмногу шокирало многу луѓе е фактот дека цигари му купува неговата мајка.

Детето пред два месеци почнало да собира отпушоци пред уличната тезга на неговата мајка и во рок од неколку дена создало зависност, односно барало од купувачите да му дадат цигара.

Како што рекла неговата мајка Марјати, Рапи станувал агресивен кога не можел да ја добие својата омилена “Мароко” цигара. Токму поради нападите на бес, таа почнала да му купува две кутии цигари дневно.

“Моето дете се навикна да пушти додека пие кафе и јаде колач. Пуши секој ден, веќе два месеци. Ако не му дадам цигара, тој полудува. Без цигара не може да заспие. Само плаче и вика. Цигарите се скапи, но ние мораме да му купиме бидејќи тој пуши по цел ден”, вели Марјати.

Ни таткото на Рапи не може да му забрани да пуши. “Не можам да му кажам не. Јас дури и не пушам дома, само на работа, но Рапи сака да пие кафе и да пуши цигара”, вели таткото.

Тој истакнува дека треба да посетат лекар и да се консултираат со него за детето да се одвикне од никотин.

Leave a comment

error: Content is protected !!