Има 210 килограми, заработува богатство од луѓето кои и плаќаат да јаде

Вебкам девојката која има 210 килограми, открила дека заработува богатсво така што јаде 10.000 калории дневно пред фановите кои за тоа и даваат пари.

25-годишната Аманда Феј го користи својот огромен апетит за на фетишистите да им наплаќа до 76 фунти да ја гледаат додека јаде огромни количини на храна и да пие газирани сокови, пишува “Sun”.

Нејзиното шоу е популарно благодарение на фетишот познат како “feederism” кој го еротизира јадењето и добивањето на тежина. Нејзините снимки често вклучуваат “жонглирање со салото”, а за фановите се соблекува и топлес и исполнува други фетиши поврзани со дебелината.

Девојката од Калифорнија обични снима три такви видеа дневно, а на гледачите кои се подготвени да и платат повеќе, им исполнува и посебни барања. Вели дека на дневна база добива “тони хејт”, но додава дека нашла начин тоа да го заврти во позитива.

Аманда вели дека поради вишокот на килограми се чувствува среќно – физички и сексуално.

Откако во еден момент изгубила 40 килограми, вели дека сфатила дека тоа го направила само за да се вклопи меѓу луѓето околу себе и дека многу подобро се чувствува околу луѓе со вишок килограми.

Иако добивала чудни барања од некои клиенти, за повеќето вели дека има почитување.

Leave a comment

error: Content is protected !!