Илјадници Либијци на улиците со слики од Гадафи: Вонредна состојба во Триполи

Илјадници Либијци славеле 49-годишнината од револуцијата во градот Саба, а насобраните вееле знамиња со фотографии од поранешниот лидер на Либија, Моамер ел Гадафи, кој ја водел земјата од 1969 – 2011. година.

Празникот се слави како сеќавање на државниот удар и воспоставувањето на режимот на Гадафи на 1. септември 1969. година.

Празникот се славел луксузно во времето на Гадафи, но по неговата смрт Либијците не го славеле денот на револуцијата, некои од револт кон Гадафи, а некои поради страв дека ќе бидат сфатени како негови приврзаници.

Борбите започнале минатата недела меѓу вооружени групи од Триполи со други вооружени групи од едно место јужно од либиската престолнина.

Во соопштението кое го издала владата, судрените страни се повикуваат да престанат со судири и да го почитуваат договореното примирје.

Либија од избивањето на бунтот во 2011. година влегла во хаос, пишуваат агенциите и потсетуваат дека тогаш бил турнат од власт и убиен долгогодишниот лидер на таа земја, Моамер Гадафи.

Од тогаш, со земјата управуваат две спротивставени влади, една со седиште во Триполи, а друга на истокот на Либија, а и двете имаат бројни вооружени групи со реална власт на теренот.

Leave a comment

error: Content is protected !!