Иднината е тука: Овој воз ќе оди со 1.200 km/h, а еве во која земја би можел прво да се појави

Компаниите “Virgin Hyperloop” и “BMW” претставиле концепт на нов јавен превоз, кој наскоро би можел да биде претставен во Обединетите Арапски Емирати.

Станува збор за купола која ќе левитира на електромагнети и ќе се движи низ вакуумиран тунел.

Поради тоа што станува збор за вакуумиран тунел, во него нема отпор на воздухот, а поради левитацијата на електромагнети нема триење.

 

Новиот вид на воз, поради ова, би требало да се движи со брзина од 1.200 километри на час. Тоа е просечната брзина на звукот, и за речиси 300 километри поголема брзина од таа на патничкиот авион.

Според проценките на експертите, патот до Дубаи до Абу Даби, долг околу 140 километри, ќе може да се мине за само 12 минути. Со автомобил, на пример, се потребни околу час и половина.

Тунелот ќе користи сончева енергија, а отворањето се планира за 2020. година.

Се проценува дека куполата ќе може да превезува околу 10.000 на еден час.

Leave a comment

error: Content is protected !!