И купила играчка на својата ќерка, па во неа пронашла нешто страшно

22-годишната Шенан Брандон во локална продавница купила плишан нилски коњ за своите ќерки Хајди и Ава. Дека нешто не е во ред со играчката забележала дури кога постарата ќерка се пожалила дека “носот на новата играчка е остар”.

Нејзиниот сопруг Калум ја прегледал играчката и веднаш ја вратил во продавницата. Менаџерот при прегледот на играчката го притиснал нејзиниот нос, а во истиот момент жилетот, кој се наоѓал внатре, му го пресекол прстот.

“Бев шокирана и згрозена кога го видов тоа. Жилетот беше долг околу седум сантиметри. Се ми пројде низ глава. Моите деца можеа да се повредат. Читав за луѓе кои наоѓале такви работи во играчките, но никогаш не ми падна на памет дека тоа може да ни се случи и на нас. Искрено, не сакам да мислам на тоа, но дел од мене се прашува дали некој тоа го направил намерно”, рекла Шенан.

Иако се минало добро, оваа млада мајка се прашува што би можело да се случи ако жилетот не бил откриен толку брзо.

Играчката ја вратила во продавницата и поднела пријава.

Leave a comment

error: Content is protected !!