И го уништил животот, а таа не знаела: Познатиот хирург без дозвола и ги отстранил јајниците, таа се убила од ужас

Жената која ја оперирал еден од најпознатите британски хирурзи извршила самоубиство бидејќи лекарот, кој сега е под истрага од Националната здравствена служба, и ги отстранил јајниците за време на операцијата, под изговор дека му пречеле.

Ентони Диксон, кој стекнал светска репутација по употребата на мрежасти импланти за проблеми со црева, ја примил Лусинда Метуен Кембел во приватна болница во 2016. година поради пореметување на работата на цревата.

Диксон, кој е суспендиран од две болници во Бристол, наводно и кажал на Кембел дека во текот на операцијата и ги отстранил јајниците бидејќи му пречеле. На жената и бил вграден вагинален мрежаст имплант за да и помогне со проблемот со цревата, но таа по операцијата била во агонија.

Подоцна била пронајдена обесена на таванот на нејзината куќа во селото Три Кросиз, кај Свонси, а на поранешниот партнер претходно му порачала: “Немам друг излез поради болката”.

“Болката се влошувала и никој не можел да го реши тој проблем. Диксон и вградил имплант во 2016. година, но зафатот не бил успешен и таа беше во агонија”, изјавил Филип Четфилд, поранешен партнер на Кембел, додавајќи дека после тоа имала уште една операција која само дополнително ги влошила работите. Четфилд и Кембел имаат 19-годишен син.

Кембел по операцијата тврдела дека не прифатила да и бидат отстранети јајниците кога се консултирала во болницата. Таа рекла дека тоа не било споменато ни пред операцијата и дека би била барем малку подготвена доколку знаела.

“Тој рече дека мислел дека ми прави услуга. Ми кажа: “Мислев дека знаеш, на жена на твои години навистина не и се потребни јајници”. Кога го прашав зошто го направил тоа, тој само одговори: “Ми пречеа””, рекла тогаш Кембел и истакнала дека нејзиниот живот е сосема уништен, но дека не може да каже дека Диксон е виновен за тоа.

Нејзиното безживотно тело го пронашол Четфилд, а крај него имало порака за нејзиниот син која гласела: “Ангус, жал ми е, те сакам, ти си најдобриот син во историјата”.

Од мртовечницата рекле дека неуспешната операција ја оставила Кембел во болки и дека тоа влијаело на нејзиното ментално здравје. Во нивниот извештај стои дека болката ја натерала да си го одземе животот. Синот на Кембел потврдил дека имала големи болки и дека била многу вознемирена што и ги отстраниле јајниците без нејзино знаење или дозвола.

Освен што е суспендиран во две бристолски болници, Општиот медицински совет го спречил Диксон да изведе уште еден вид на корективна хирургија.

Leave a comment

error: Content is protected !!