Хуманите граѓани донираа: Тео и Тони добија струја, се бара електричар да им помогне за инсталацијата

Близнаците Тони и Тео, кои живеат во населба Долно Лисиче со своите баба и дедо, денеска конечно добија струја.

Еден од многуте проблеми на ова семејство се реши откако голем број на хумани граѓани решија да донираат на сметката на ЕВН.

Следен проблем кој треба да се реши, е да се најде хуман електричар.

Тој би требало да им помогне со инсталацијата, бидејќи таа во нивниот дом е веќе застарена и опасна.

Leave a comment

error: Content is protected !!