Huawei го лансираше најбрзиот чип заснован на вештачка интелигенција

Кинеската телекомуникациска компанија Huawei денес ги објавила комерцијалните предности на својот чип заснован на вештачка интелигенција, со кој им конкурира на чиповите на водечките американски гиганти како Qualcomm и Nvidia-e.

Со лансирањето на овој чип Huawei настојува да се спротивстави на континуираниот притисок на САД и да докаже дека и натаму може да произведува базни технолошки компоненти.

Чипот, наречен “ascend 910”, прв пат во јавноста бил претставен во октомври минатата година и наменет е за центрите за складирање на податоци. Имено, на компаниите кои користат “AI” апликации потребни им се огромни количини на податоци за создавање на паметни алгоритми, што може да потрае неколку дена или седмици.

Од Huawei, меѓутоа, порачуваат дека најновиот чип може да обработи повеќе податоци во пократок временски рок од конкурентните чипови и дека помага мрежата да се оспособи да обработува податоци за само неколку минути.

“Остваруваме постојан напредок откако во октомври минатата година ја најавивме нашата AI стратегија. Се оди по план, од истражувања и развој до лансирање на производи”, изјавил Ерик Сју, еден од ротирачките претседатели на Huawei.

Најновиот производ доаѓа во услови кога Huawei и натаму се соочува со притисок од американската влада. Компанијата се наоѓа на “црната листа” на САД, што ги ограничува американските компании да соработуваат со кинескиот технолошки џин.

На кинеската компанија, меѓутоа, неодамна и била продолжена привремената лиценца за 90 дена, што значи дека на американските компании им е дозволено да вршат одредени трансакции со Huawei. Компанијата се потпира на бројни американски доставувачи да се обезбедат некои клучни технологии.

Leave a comment

error: Content is protected !!