Храбро срце! Малиецот кој спасил дете од пад од 4. кат ќе добие државјанство

Мигрантот од Мали, Мамуду Гасама, кој во саботата спасил дете од четвртиот кат на зграда, се состанал со францускиот претседател Емануел Макрон, кој му соопштил дека ќе стане натурализиран државјанин на Франција.

Гасама се состанал со Макрон во Елисејската палата, каде Макрон му предал медал за храброст.

 

Претседателот притоа рекол дека Гасама ќе стане натурализиран државјанин на Франција и дека ќе му биде понудено работно место во пожарната служба на Париз.

Гасама за помалку од минута успеал да се качи до четвртиот кат на зградата и го спасил детето.

Го пофалила и градоначалникчката на Париз, Ен Идалго, која разговарала со него.

“Му честитам на Мамуду Гасама на храброста со која го спасил животот на детето”, навела Идалго на Твитер.

Таа рекла дека Гасама дошол пред неколку месеци од Мали, надевајќи се дека во Франција ќе изгради нов живот.

“Му кажав дека неговата херојска постапка е пример за сите граѓани и дека Град Париз ќе му помогне во напорите да се пресели во Франција”, навела Идалго.

“Го направив тоа поради детето. Фала Господе што го спасив”, рекло момчето.

Leave a comment

error: Content is protected !!