Хороскоп- Се што сте сакале да знаете за бикот

Бикот е силен знак и некој на кого може да се потпрете.

Биковите како љубители на се што е убаво, се опкружуваат себе си со материјални задоволства. Бикот е сензуален знак. Допирот кај него игра голема улога. Стабилни и конзервативн, биковите се помеѓу најдоверливите знаци во хороскопот. Понекогаш се смета и за тврдоглов, но кога ќе добие задача на работа ќе работи до последниот атом сила. Ова е многу креативен знак кој сака да работи со рацете.

Пријатели и семејство

Семејството е многу важно за бикот, па затоа ќе направи било што за да го заштити. Од биковите често се бара совет бидејќи се многу интелигентни и практични. Имаат добра смисла за хумор, па затоа се омилени во друштвото.

Лојални се спремни да помогнат, а ветувањата ги сфаќаат многу сериозно. Биковите многу сакаат деца и со радост одат на фамилијарни собири. Сакаат гости во својот дом, па често ги повикуваат своите пријатели на ручек или дружба.

Пари и работа

Клучниот збор за овој знак е стабилност, а клучна фраза е „јас имам“. Биковите сакаат пари и не се плашат да работат вредно за да заработат. Работата им е многу важна во животот, затоа што сакаат да се опкружат со материјални добра и да уживаат во луксуз.

Биковите одлично располагаат со пари- сметките секогаш ги плаќаат на време, а остатокот од парите го оставаат на страна. Понекогаш се случува да се занесат и да потрошат премногу. Бикот секогаш ќе штеди за нешто што многу го сака и кога ќе дојде вистинскиот момент ќе го купи тоа. Професии кои најмногу му одговараат на овој знак се: банкарство, земјоделие, градежништво, медицина и образование.

Љубов

На бикот, му се најмногу важни допирите. Исто така, не сака да го брзаат, посебно кога се во прашање емоциите. Бикот најчесто бара некој кој е на негово интелектуално ниво. Од бикот можете да очекувате својата љубов да ви ја покаже преку материјални работи.

Здравје

Секој знак во зодијакот има некој дел од телото за кој е поврзан. Во случајот на бикот тоа се грлото, вратот, ушите, гласните жици, тироидната жлезда, јазикот, устата, крајниците и долните заби.

Боја– Розева

Среќен број– 2 и 8

Компитабилност– Бикот најдобро се сложува со девица и јарец

Подарок за бикот– Најдобар подарок за бик е парфем или нешто луксузно и скапо.

Што сакаат биковите– Сакаат да бидат надвор, да прават нешто со рацете, да бидат со семејството.

Што не сакаат биковите- Нестабилност, синтетика, притисок, да бидат заглавени во затворен простор.

Leave a comment

error: Content is protected !!