Хороскоп по македонски градови: Крушево е Овен, Скопје е Лав, а што е Охрид?

Секој град, маало, село си има свој хороскопски знак. Откријте што е во хороскоп градот во кој живеете или сте родени:

Овен

Во знакот на Овенот се местата познати по борби, битки, од каде што потекнуваат луѓе кои се пионири на големи идеи, историски случувања. Градови и места кои имаат поврзаност со важни настани.

Град во знакот Овен: Крушево, Велес

Странски град: Берлин

Дел од Скопје: Ѓорче Петров

Бик

Во знакот на Бик се местата кои носат име по растенија кои се јадат, места познати по некои случувања или по своите великани, кои асоцираат на уметност, убавина и уживање.

Град во знакот Бик: Берово, Ресен

Странски град: Берлин

Дел од Скопје: Карпош

Близнаци

Градови кои се поврзуваат со трговијата, главни патишта и раскрсници, но и за образование.

Град во знак Близнаци: Штип, Струмица

Странски Град: Лос Анџелес

Дел од Скопје: Бит Пазар

Рак

Градови во знакот на Рак се оние кои се врзуваат за некои влијателни фамилии и домаќински куќи. Исто така во знакот на Рак се и местата кои во своето име го имаат зборот Паланка, место каде што владее топла, семејна атмосфера, каде што секој секого знае.

Град во знакот Рак: Крива Паланка, Македонски Брод

Странски град: Монте Карло

Дел од Скопје: Бутел, Кисела Вода

Лав

Во знакот на Лавот се многу европски главни градови, но и некогашните престолнини од стари древни времиња. Исто така и места кои се доведуваат во врска со владеење и владетели.

Град во знак Лав: Скопје, Охрид

Странски град: Париз

Дел од Скопје: Центар

Девица

Во знакот на Девицата се сите градови кои носат имиња на растенија, дрва, места кои имаат врска со растителниот свет.

 

Град во знак Девица: Кочани

Странски град: Чикаго

Дел од Скопје: Драчево

Вага

Во знакот на Вага се градовите кои имаат поврзаност со уметноста, со големи уметници, но и градови кои имаат значајни мостови и патишта.

Град во знак Вага: Струга

Странски град: Виена

Дел од Скопје: Стара Чаршија

Скорпија

Во знакот Скорпија се градовите во кои се случувале големи историски настани, борби, војни. Исто така се и места во кои една река се влева во друга.

Град во знак Скорпија: Прилеп, Тетово

Странски град: Рим

Дел од Скопје: Сарај

Стрелец

Градови на граница, каде паралелно се употребуваат повеќе различни јазици, каде што живеат народи од различни вери. Места каде што се почитува различноста.

Град во знак Стрелец: Куманово, Дебар

Странски град: Будимпешта

Дел од Скопје: Чаир

Јарец

Градови кои се врзани за карпи, камења, планини…

Град во знакот на Јарец: Кратово, Пехчево, Делчево

Странски град: Прага

Дел од Скопје: Водно

Водолија

Сите градови кои се поврзуваат со некои иновации, со нешто што не е вообичаено, што само таму го има. Исто така и места со придавките Ново и Горно.

Град во знакот Водолија: Македонски Брод, Демир Капија

Странски град: Њујорк

Дел од Скопје: Новоселски пат

Риби

Сите места кои имаат врска со музика, големи композитори, но и со поволни услови за уживање и опуштање, како и со религија и светци

Град во знакот на Риби: Свети Николе, Битола

Странски град: Венеција

Дел од Скопје: Аеродром

Leave a comment

error: Content is protected !!