Хорор во Париз: Авганистанец со нож избодел 7 минувачи и ги тепал со шипка

Напаѓач вооружен со нож и железна шипка вчера вечерта во Париз ранил седум лица, од кои четири тешко, соопштило париското обвинителство.

Нападот бил изведен во 19. арондисман, во околу 22:45 часот, а во оваа фаза на истрагата нема елементи кои би укажале на терористички напад.

Се наведува дека повредените лица се префрлени во болница, додека еден очевидец е во состојба на шок.

Напаѓачот, кој е полнолетен и се претпоставува дека е Авганистанец, прво со нож забодел три лица во близина на киното MK2, а потоа неколку мажи се обиделе да го сопрат.

Еден од нив фрлил кугла кон напаѓачот, која го погодила, но не му наштетила, по што напаѓачот продолжил по улицата, каде нападнал двајца туристи, ранувајќи еден од нив во градите.

Друга ранета личност е тешко повредена со убод во глава.

Напаѓачот на крајот бил уапсен.

Leave a comment

error: Content is protected !!