Хорор во Индија: Група мажи со месеци силувале 11-годишно девојче – a кога се појавиле во судницата…

Седумнаесетте обвинети мажи се појавиле на суд во индискиот град Ченај поради обвинение дека неколку месеци групно силувале 11-годишно девојче, на кое му давале седативи.

Силувањата започнале во јануари, потврдил заменик шефот на локалната полиција, откривајќи дека силувачите биле вработени во зградата каде што живеело девојчето.

 

На силуваното девојче кое што имало проблеми со слухот, најпрво му давале седативи со инјекција, а потоа го силувале во подрумот на зградата. Обвинетите мажи се на различна возраст, од рани 20-ти па се до доцни 60-ти години. Тие на девојчето му се заканувале дека ќе го повредат доколку каже што се случува.

Полицијата открила дека девојчето најпрво било нападнато од 66-годишен маж кој што управувал со лифтот во зградата, а потоа девојчето било исто така силувано и од обезбедувањето и чуварите на лифтот.

Девојчето цели седум месеци било силувано се додека не собрало храброст да ѝ каже на својата сестра од Њу Делхи, по што случајот веднаш бил пријавен во полиција.

Сега силувачите се обвинети за силување, обид за убиство и заплашување. Телевизиските снимки веднаш се раширија на интернет и може да се види како органите на редот и адвокатите ги нападнаа и добро ги истепаа обвинетите уште и пред да се појават во судницата.

Инаку, силувањата во Индија се практично секојдневна појава, а само во 2016-та година било регистрирано силување на повеќе од 100 девојчиња и жени дневно.

Leave a comment

error: Content is protected !!