Хорор на Куба: Авион со 113 патници и членови на екипажот по полетувањето се претворил во огнена топка

Авион со 113 патници и членови на екипажот се урнал кратко по полетувањето од аеродромот во Хавана, јавува “CNN”.

Кубанската државна телевизија јавила дека “Boeingot 737” се урнал кратко по полетувањето од аеродромот “Хозе Марти” во Хавана.

Неименуван кубански воен офицер изјавил дека во падот на авионот преживеале три лица, и дека се наоѓаат во критична состојба.

Кубанскиот претседател Мигуел Диаз Канел, кој се наоѓа на самото место, рекол дека има голем број на жртви.

Иако државните медиуми првобитно објавиле дека станува збор за авион на компанијата “Кубана Де Авиасон”, подоцна се дознало дека авионот бил на компанијата “Блу Панорама Флајт”, а дека летот бл локален до градот Холгин на 750 километри од Хавана.

На фотографиите на социјалните мрежи може да се види облак црн чад во близина на аеродромот.

Leave a comment

error: Content is protected !!