Хитменот на Ескобар е ѕвезда во Колумбија: Попај мачел и убил стотици луѓе, а толку многу го сакаат па размислува да се кандидира за претседател

Џон Хаиро Веласкез, попознат како Попај, бил човек од доверба и хитмен на нарко-босот Пабло Ескобар.

Тој одлежал 23 години за тероризам, убивање и мачење на стотина луѓе кон средината на 80-тите години од минатиот век, во време на неприкосновеното владеење на Ескобар.

“Ако ми наредеше Ескобар да го убијам родниот татко затоа што и штети на нашата организација или на мене, ќе го убиев”, вели тој и ден денес.

Попај лично убил повеќе од 250 лица и организирал 2.500 убиства во текот на војната на Ескобар со колумбиската влада. Неговата организација, картелот Меделин, убила 50.000 луѓе.

“Јас сум професионален убиец. Убивам за пари. Но убивав и од љубов и почит кон Пабло. Секој од нас убиваше по 5-6, па и 12 луѓе дневно. Со леснотија убивам и поставувам бомби. Јас сум експерт во тероризам, киднапирање луѓе и сите злосторства”, вели тој.

Неговите жртви и нивните семејства исто така живеат слободно и не им мило што тој убиец шета слободно.

“За мене е апсолутно страшно што тој човек шета по улиците, тоа ме плаши”, вели Ангела Зулуага, ќерка на судија убиен од Попај.

“Бев сосема функционална личност, со сите екстремитети, а сега немам рака”, додава Росалба Бариентос, полицајка која го преживеала нападот на Попај.

Но, овој убиец не се плаши од одмазда.

“Слободно одам по улиците без страв дека некој ќе ме убие. Тоа е во Божји раце, а ме штитат и моќни пријатели”, вели тој.

По 23 години робија, Веласкез станал славна личност. Води блог, пишува книги, глуми во филм и се појавува на телевизија.

Сега планира и да се кандидира за претседател.

Leave a comment

error: Content is protected !!