Хит! Пратеникот станал пратеничка! Теса е прв трансроден член на германскиот парламент

Германија го добила првиот трансроден законодавец, односно пратеник кој одлучил да го промени полот. Тоа е Маркус Гансерер, член на коалицијата “Зелени/Алијанса 90”, кој одлучил волјата на народот во парламентот на Баварија во иднина да ја претставува како Теса Гансерер.

Тој на прес-конференција открил дека веќе десет години се чувствува како трансродна личност и дека одлучил во јавноста до крајот на животот да се претставува како Теса.

“Нема повеќе да носам одела и кравати. Јас сум жена во секој атом од своето тело и отсега сум дама и регионална пратеничка. Не го правам ова од забава, навистина се чувствувам како жена и ова не е одлука донесена преку ноќ”, рекла Теса.

Гансерер, кој е оженет и има два сина, вели дека го открил својот вистински идентитет пред 10 години, откако дома почнал да носи фустани. Иако во парламентот на Баварија се појавува нашминкан и со перика, и натаму ќе го сметаат за Маркус.

Имено, според законот кој е на сила во Германија, за лицето да го промени полот, потребни се две медицински мислења, како и период од една година пред лицето официјално во документите да го промени полот.

На друга страна, коалицијата Теса ќе ја прифати како жена.

“Идентитетот на нашата колешка нема да биде проблем во овој парламент. Личноста на секој пратеник е многу поважна од неговиот пол. Ќе ги советувам пратениците госпоѓа Гансерер да ја третираат како жена без разлика на нејзиниот законски статус”, рекла Илза Ајгнер, претседателка на Баварскиот парламент, која е членка на конзервативната Христијанско-социјална унија.

Германија истополните бракови ги легализирала во 2017-та година, но против овој закон гласале дури 225 пратеници од владејачката коалиција CDU/CSU.

Leave a comment

error: Content is protected !!