(ВИДЕО) „High on Life”: Кои се трагично настраданите канадски влогери?

Двајца млади канадски јутјуб влогери загинаа во обид да ја спасат својата пријателка која се лизнала надолу и паднала по водопад од висина над 30 метри.

Животот го загубија сите тројца: Рикер Гембл (30), Алексеј Лијак (30) и Меган Скрапер (29), кои беа дел од каналот „High on Life” на Јутјуб каде ги „закачуваа“ своите херојски подвизи, пренесе БиБиСи. Сите тројца пред несреќата пливале на врвот на водопадот „Шенон“ во канадската провинција Британска Колумбија.

Тројката беше дел од авантуристичката група „High on Life”, која е составена од популарни влогери, а видео сведоштвата за своите авантури ги поставуваа на Јутјуб.
Гембл и Лијак се основачи на оваа група, а заедно со Меган живееја заработувајќи од друштвените медиуми.

Во 2012 година, го започнале своето патување низ светот, посетиле 15 земји за седум месеци, вклучувајќи ги Перу, Никарагва, Тајланд, Бали, Грција и Хрватска и „целосно ги исцедиле своите банкарски сметки”. Ова подоцна само го искоментирале со „Вредеше“.

„Тие беа најтоплите, најљубезните и најотворените луѓе кои можевте да ги запознаете“, велат од влогерската група.

Полицијата соопшти дека тројцата пливале на врвот од водопадот Шенон во канадската покраина Британска Колумбија кога се слизнале и паднале од висина од 30 метри.

Групата има преку 2,5 милиони следбеници на социјалните прежи и над 500 илјади претплатници на Јутјуб.

Членовите на каналот снимија видео во кое оддадоа почит на починатите пријатели.

Leave a comment

error: Content is protected !!