Херојот кој им помагал на заробените деца: Им носел кислород на нив, а немал за себе…

Саман Кунан, нуркач кој учествувал во акцијата за спасување на децата заробени во пештерата на Тајланд, умрел откако останал без воздух под вода.

Кунан доброволно се пријавил да волонтира и да помага во спасувањето на 12-те деца и нивниот тренер, а починал кога се враќал во командниот центар, откако доставил боци со кислород.

Станува збор за поранешен тајландски морнарички нуркач, врвно обучен.

“Неговата задача беше да испорача боци со кислород. Тој немал доволно кислород за себе кога се враќал”, рекол еден тајландски службеник и додал дека станува збор за човек кој некогаш работел во морнарицата.

“Во пештерата е тешко. Се удавил додека излегувал. Неговиот колега се обидел да му пружи помош но безуспешно. Кога го извлековме повторно се обидовме да му пружиме прва помош, но не реагираше, па го префрливме во болница”, изјавил командантот на тајландските морнарички фоки.

Тој додал дека операцијата за спасување ќе продолжи.

Во акцијата за спасување на децата се вклучени 1.000 луѓе, меѓу кои нуркачи, воен персонал и волонтери.

Leave a comment

error: Content is protected !!