Хаос во Лос Анџелес: Слетала во метеж на улица, возачите се фаќале за срце – “За малку ќе ме удреше авион”

Поради проблеми со моторот, мал авион “Цесна 172” морал да слета на улица полна со возила во Лос Анџелес во округот Хантингтон Бич, а возачите останале во шок.

Жената пилот ја покажала својата вештина бидејќи успеала на улица полна со возила, избегнувајќи ги струјните кабли, вешто да го приземји леталото.

Слетала на улицата во близина на авенијата Хамилтон, на 8 километри југозападно од аеродромот “Џон Вејн”. Била сама во авионот и не е повредена.

Возачите на улицата велат дека се фаќале за срце.

“За малку да ме удри авион на сред улица”, рекол еден шокиран возач.

Leave a comment

error: Content is protected !!