Хаос во центарот на Загреб-Снема вода, а луѓе лежат по улици…

Хаос е единствениот вистински збор со кој може да се опише моменталната состојба на загребските улици.

Хрватската репрезентација, новопечениот светски вицешампион со среброто освоено на Светското фудбалско првенство во Русија денеска слета во Загреб. На аеродром фудбалерите пристигнаа во 15:20, а речиси четири часа патуваа по предвидената траса.

Спрема проценките на полицијата во центарот на хрватската престолнина се собраа околу 250 000 граѓани. На плоштадот „Бан Јосип Јелачиќ“ на кој хрватските репрезентативци им се обраќаат на граѓаните е хаос. Местото се наоѓа во целосен колапс, можеби никогаш невиден.

Околните продавници се затворени. Настана и недостаток на вода, па пристигнаа четири цистерни со вода, за луѓето да бидат хидратизирани. Додека публиката ги чекаше да пристигнат фудбалерите, забележани се многу случаи на колабирање и несвестици.

Leave a comment

error: Content is protected !!