Центарот за рехабилитација на зависници кој се наоѓа во Кисела вода, претставува секојдневна опасност за здравјето на луѓето, посебно за децата.
И покрај ветувањето дека проблемот ќе биде решен за еден месец, граѓаните на социјалните мрежи наведуваат дека ништо не е исполнето.
Жителите на оваа населба велат дека состојбата секој ден е се полоша, а најлошо, велат тие, е што гледаат шприцови на само чекор од нивните домови.
Покрај тоа што е закана за здравјето, загрижените родители велат и дека глетката не е пријатна за малите деца кои живеат таму.
На почетокот на оваа година се случил инцидент при кој двајца задолжени за одржување на хигиената во општината, се боцнале од игли и побарале лекарска помош. За среќа, тие не се заразиле.