Грешка поради која на Бали можете да завршите во затвор 15 години

45-годишниот британски уметник Пип Холмс бил уапсен откако го преземал пакетот во кој имало канабис на индонезискиот остров Бали.

Холмс бил свесен за строгите индонезиски правила против дрогата, а не нарко-дилер, за што се добива смртна казна на Бали.

Пред полицијата се изјаснил како повремен уживател на лесни дроги, а на нарко-дилер, за што на Бали се добива смртна казна.

Вели дека полицијата го натерала да се појави на телевизија заедно со другите дилери на дрога, што за BBC го опишал како “надреално и бизарно” искуство. Медицинскиот канабис во Велика Британија е легален, но на Бали сепак не е.

“Иако изгледа како голема неправда, јас моментално не се наоѓам во својата земја, така што сум виновен”, рекол тој.

Инаку, Холмс пристигнал на Бали во октомври за да се фотографира и да сурфа, а сега постои можност да се соочи со затворска казна од 15 години.

Следното судење е закажано за јануари, а најдобра опција би била Холмс да се изјасни како зависник од марихуана, поради што ќе може да дел од казната да мине на рехабилитација.

Leave a comment

error: Content is protected !!