Грчките медиуми: Заев и Ципрас се договориле за новото име на Македонија, потпис во наредните денови

Договорот меѓу двајцата лидер ќе биде официјализиран овој викенд, најверојатно во сабота, во Преспа, тврдат грчките медиуми.

Република Северна Македонија е новото име околу кое се сложиле Ципрас и Заев, а договорот ќе биде официјализиран овој викенд.

“Договорот би можело да биде објавен денес”, рекол неименуван службеник на владата, пренесува “Reuters”,

Ципрас и Заев вчера разговарале телефонски еден час, и најавиле дека денес ќе продолжат со разговорот. Тогаш се ќе биде појасно.

Се очекува, имено, по конечниот договор да биде објавено заедничко соопштение за грчката и македонската јавност.

Грчките медиуми тврдат дека Заев е тој што избрал новото име да име биде Република Северна Македонија, но прифатил и промена на Уставот, што подразбира промена на идентитетот.

Повикувајќи се на изјави на неименувани службеници во грчката влада, Заев наводно прифатил и ново име на македонската православна црква, која во иднина ќе се вика само Охридска архиепископија.

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, по вчерашниот телефонски разговор на двајцата премиери изјавил за грчките медиуми дека Заев ги прифатил условите.

“Ако преговорите завршат денес, процесот ќе биде завршен”, рекол Коѕиас и додал дека Република Северна Македонија е изборот на Заев од сите предлози кои биле на масата.

Leave a comment

error: Content is protected !!