Грција протерала двајца руски дипломати поради обид да влијаат на договорот со Македонија

Грција исто така ќе забрани влез за двајца дипломати, за кои велат дека се занимавале со активности кои не одговараат на нивниот дипломатски статус.

Москва ќе одговори на протерувањето на руските дипломати од Грција со претерување на двајца грчки дипломати од земјата, рекол денес рускиот пратеник Андреј Климов.

Грција претходно соопштила дека ќе ги протера двајцата дипломати од земјата, јавува “Reuters”.

Повикувајќи се на дипломатски извори, весникот тврди дека Русите наводно на разни начини се обидувале да го “прошират своето влијание во Грција”, но се мешале и во активностите на Царското друштво на христијанските Палестинци.

Според пишувањето на “Катимерини”, Атина одлучила да го протера Виктор Јаковљев и уште еден неименуван руски дипломат.

Весникот наведува дека дипломатите се протерани и поради наводни обиди да го саботираат договорот меѓу Атина и Скопје за името на нашата држава.

Грција нема да толерира било какво однесување кое го крши меѓународното право, рекол денес портпаролот на грчката влада Димитрис Цанакопулос.

Leave a comment

error: Content is protected !!