Градскиот парк ќе биде претворен во земјата на чудата на Алиса: Book fest во Скопје

Helen Doron English е интернационален франшизен едукативен метод за изучување англиски јазик од најрана возраст. Во Македонија овој метод постои веќе пет години и го има во Скопје ( 6 центри), Штип, Тетово, Битола, Прилеп, Струмица и Охрид.

Секоја година Helen Doron English организира разни кампањи на глобално ниво со кои ги поттикнува децата и тинејџерите да размислуваат како можат да помогнат во средината во која живеат и во општеството.

Хелен Дорон Македонија како општествено одговорна компанија се вклучува во ваквите кампањи со цел будење на јавната свест за одредени проблеми кои постојат во нашата средина и да помогне во нивното решавање. Особено посветени сме на децата и освен комуникацијата на англиски јазик како мајчин ги учиме што значи да се биде социјално одговорна личност, бидејќи само така од најрана возраст можеме да создадеме идни примерни граѓани на светот.

Оваа година глобална кампања е Young Heroes – Readers are Leaders која има за цел кај децата да ja разбуди љубовта кон книгите и читањето, а воедно и да овозможи пристап до книги за сите деца кои тоа не можат да си го дозволат.

Кампањата се одвива во сите Хелен Дорон центри, при што учениците имаат можност да разменуваат, донираат или позајмуваат книги.

Нашата кампања ќе финишира на 13 мај недела од 12- 17 часот во Градскиот парк Скопје (делот кај лавиринтот) со најголемиот BOOK FEST, кога ќе го претвориме паркот во една огромна бајка, инспирирана од книгата „Алиса во земјата на чудата“

.

Децата ќе можат да учат и се забавуваат во 20 едукативни катчиња: научна лабораторија, музичко катче, уметничко атеље, чајанката на Шеширџијата, фабрика за обувки и зборови, весела математика… и многу креативни дела на учителите од Хелен Дорон Македонија, со кои ќе ја „оживееме“ приказната за Алиса и на инспиративен начин ќе ги воведеме децата во магичниот свет на книгите.

Leave a comment

error: Content is protected !!